Најмалку 10 луѓе се убиени во два одделни инциденти во авганистанските јужни провинции Газни и Забул, соопштија денеска официјални претставници.
„За жал, осум локални полицајци се убиени и еден е повреден“, изјавиАриф Нори - портпарол на провинцискиот гувернер, откако голем број на талибански милитанти денеска нападнаа полициски пункт во областа Дех Јак во провинцијата Газни.
Безбедносните сили исто така објавија дека предизвикале тешки повреди кај бунтовниците, но оти не можат да кажат прецизен број на загинати или повредени.
Талибанскиот портпарол Забихулах Муџахид презема одговорност за нападот на Твитер, велејќи дека милитантите уапсиле еден полициски офицер и убиле девет други.
Одделно, двајца цивили се убиени и двајца повредени во експлозија на бомба поставена покрај пат во провинцијата Забул, изјави Ѓул Ислам Сиал – портпарол на провинцискиот гувернер.
На 20 февруари најмалку 26 полициски офицери беа убиени и неколку други повредени во напад на Талибанците врз полициски пунктови во провинциите Фарах и Хелманд.