Грчкиот парламент денеска гласаше да формира комисија која ќе ги испитува политичарите, вклучувајќи ги и поранешни премиери, меѓу нив и Андонис Самарас, во врска со наводите за поткуп од швајцарскиот производител на лекови „Новартис“. Судските власти соопштија дека вработените во оваа фирмата ги подмитувале грчките лекари и политичари. Десетина социјалистички и конзервативни политичари, кои служеа меѓу 2006 и 2015 година и беа именувани во парламентот, ги негираа тврдењата како измислица на левичарската влада за да ги дискредитираат пред изборите во 2019 година. Грчките обвинители, кои ги испитуваа овој случај повеќе од една година, овој месец го упатија до парламентот. Според грчкиот закон, парламентот е единствената институција која може да ги испитува министрите и да го укине нивниот имунитет.