Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл покажува дека бавно оди сузбивањето на корупцијата на Западен Балкан. Од регионот најдобро рангирана е Хрватска, која е на 57 место, а најлошо Македонија, која е на 107 место во 2017, за разлика од 90 место во 2016 година. Во конкуренција од 180 држави, најдобро рангирана од поширокиот регион е Словенија, која е на 34 место, Грција и Романија се на 59, Црна Гора е на 64 место, Бугарија е на 71, Србија е на 77, Турција на 81, Косово на 85 и Албанија на 91 место. Најдобро рангирана земја во светот е Нов Зеланд, следена од Данска и Финска, а перцепцијата за корупција е најголема во Сомалија, која е на дното на листата на Транспаренси интернешнл. „Иако запирањето на бранот корупција е долготраен процес, во изминатите шест години голем број држави оствариле мал или никаков напредок. Уште повеќе вознемирува фактот што државите каде новинарите и невладините организации се најслабо заштитени, воедно имаат и најголема стапка на корупција, наведува ТИ.