Рочиштето за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, е одложено за 13 февруари. Во предметот осомничени се и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ за учество во тендер на ЕЛЕМ.
Обвинителите на СЈО ги изведоа пред судот сите докази, вклучително и таканаречените „бомби“ кои беа први аудио материјали пуштени во судницата. На ред се доказите на одбраната по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.
СЈО објави дека предметот е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста.