Екипата на Филаделфија Иглс ја освои титулата во американската Национална фудбалска лига со победа во 52 Супербол над Њу Ингланд Петриотс од 41 спрема 33. Ова е прва титула на Филаделфија во Супербол ерата која почна во 1966 година. Тие претходно беа шампиони во 1960 година. На Њу Инглад ова им беше 10 финале но не успеаа да ја освојат титулата и да се изедначат по бројот на титули со големите ривали Питсбург Стилерс.