Еден загинат во 27 сообраќајки за време на викендов во Скопје
Оттаму информираат дека викенодов сообраќајната полиција открила и санкционирала голем број прекршоци. 69 возила се движеле со брзина зголемена над дозволената, пет возачи поминале на црвено светло на крстосница и тројца возачи за неправилно престигнување.
Од МВР наведуваат дека биле исклучени 14 возачи пред да стекнат право на управување на моторно возило и 15 возила со истечена важност на сообраќајна дозвола, а санкционирани биле и 16 пешаци кои поминувале коловоз вон пешачки премин и 200 непрописно паркирани возила.