На денешен ден: Руски велосипедист го заврши обиколувањето на светот
Во летото 1911 година тој тргна од истото место. Во ноември истата година тој пристигна во Санкт Петербург, за потоа да мине низ Швајцарија, Турција, Грција, Шпанија, Италија, Франција и да го премине каналот Ламанш. Велосипедистот допатува до Англија со ферибот и потоа го премина Атланскиот Океан со брод за да стигне до Северна Америка. Потоа тој возеше до Сан Франциско и повторно се качи на брод за да стигне до Јапонија. Оттаму, тој се упати кон Кина.
За време на своето патување надвор од Русија, Панкратов секогаш се трудеше да најде начин како да заработи пари за да го финансира своето патување. Во Англија, група руски писатели му помогнаа да ги објави дневниците од своето патување. Тој исто така се натпреваруваше на велосипедски трки.
За обиколката околу светот му беа потребни две години. На крајот на 1913 г. тој беше награден од страна на Меѓународната Велосипедистичка Федерација. Панкратов загина во 1916 г. за време на Првата Светска Војна.
Руски пензионери на пат околу светот