Тројцата членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) успешно слетаа на Земјата во Казахстан, соопштува RT.
На Земјата се вратија космонаутот на „Роскосмос“ Фјодор Јурчикин и астронаутите на НАСА Пеги Витсон и Џек Фишер.
До пристигнувањето на МВС на следната експедиција „53/54“, рускиот космонаут Сергеј Рјазански, американскиот астронаут Рендолф Брезник и италијанскиот астронаут Паоло Несполи ќе продолжат да работат во орбитата.