Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека земјата која ќе стане лидер во создавањето вештачка интелигенција „ќе биде господар на светот“.
Техноутопија или катастрофа: каква ќе биде планетава за 30 години?
„И силно би сакале да избегнеме тој монопол да се концентрира во нечии конкретни раце“, изјави шефот на руската држава на форумот „Проекторија“.
„Вештачката интелигенција не е само иднина на Русија, туку и на целото човештво. Овде има големи можности и закани кои денес тешко се предвидуваат“, смета Путин. Според него, „оној што ќе стане лидер во оваа сфера ќе биде господар на светот“.
Рускиот претседател вети дека Русија, ако стане лидер во сферата на вештачката интелигенција, „ќе ја сподели таа технологија со целиот свет, како што и денес го дели знаењето за нуклеарните технологии“. „Но за да не се најдеме на крајот на редот, на тоа треба да почнеме да работите уште денес“, им се обрати шефот на руската држава на учениците и студентите, пренесува ТАСС.