Русија и САД се разидуваат во оценката за ситуацијата во Сирија
„Ја гледаме ситуацијата в Њујорк (ООН), ја гледаме ситуацијата во Хаг (седиштето на ОЗХО) каде претставниците на САД истапуваат од радикално тврди позиции за ова прашање, затоа се наоѓаме во период на остри судири и борба на аргументи“, изјави Рјабков, пренесува „Взгљад“.
Според него, аргументативната база и логиката на руската позиција се неспорни, а гневот, нескриената лутина на американската страна само ја потврдува правдината на Русија. „Уште во Антички Рим имаше поговорка: ако се лутиш, значи виновен си“, додаде тој.
Напад на сириската авиобаза. Како ќе реагира Кремљ?
Рјабков изјави дека Москва заедно со Дамаск се залага за посета на воената база Шајрат во Сирија од страна на стручњаците на ОЗХО. „Логиката е јасна. Ако, како што тврдат САД, во Шајрат било вршено вооружување на авионите со отровни материи, соодветно на тоа, таму треба да се наоѓа соодветна опрема и треба да останат траги од тоа“, појасни тој.
Рјабков исто така соопшти дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров испратил писмо до генералниот директор на ОЗХО во кое ја изложил позицијата на Русија дека методологијата на работата на експертите за истрагата во Сирија не ја задоволува Москва.
Според него, Москва ги смета заклучоците кои ги формулираше Мисијата за утврдување на фактите во Сирија, за политички мотивирани, субјективни и бараат понатамошно прецизирање.
Рјабков соопшти дека во новата група експерти на ОЗХП за инцидентот во сириски Идлиб треба да влезат сите постојани членки на СБ на ООН, како и други земји, како на пример, Иран, Бразил, Индија, кои треба да учествуваат во таа мисија.