ЕУ ја осуди руската забрана за организацијата на Навални
Унијата ја осудува „намерата на владата да ја задуши независната опозиција и да го запре влијанието на политичката мрежа на Навални во пресрет на септемвриските избори за Думата“, рече европскиот министер за надворешни работи Јозеп Борел, пренесува АФП.
Руското судство ги означи организациите на Навални како екстремистички
Соработниците на Навални нема да можат да извршуваат јавни функции
Одлуката ја потврдува политиката на „систематско угнетување на човековите права и слободи загарантирани со рускиот устав“, посочи Борел и ја повика Москва да ги „почитува“ меѓународните обврски, особено кон Советот на Европа и ОБСЕ.
ЕУ повторно побара „итно и безусловно“ ослободување на главниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.
На 9 јуни, руското судство ги прогласи организациите на Навални за „екстремистичка“, што се смета за кулминација на отстранувањето на неговото движење и отвора пат за засилена репресија врз неговите приврзаници.