Од СВР Охрид денеска информираа дека полициските службеници евидентирале едно лице кое на јавно место фрлило предмет кон група граѓани на протестите против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.
„Против лицето ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“ ,соопштија од СВР Охрид.
Оттаму наведуваат и дека не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир на денешниот протест.
Додека траеше церемонијата на отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, стотини граѓани протестираа. Спорно им е името на клубот и здружението на граѓани кое стои зад него.
Aнтифашистички пароли за отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис“во Охрид
Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ е формирано лани во ноември, а на 7 октомври отвора само свој клуб, дуќанче од 25 квадратни метри сместено на првиот кат во трговскиот центар Амам во Охрид, кој Бугарите го сметаат за втор Ерусалим.
Клубот го носи името на бугарскиот цар за време на Втората светска војна, кога Бугарија е дел од оската со нацистичка Германија и фашистичка Италија.