Иран ќе се одмазди за убиството на полковникот на Револуционерната гарда кој беше убиен во Техеран, предупреди денеска претседателот Ебрахим Раиси.
Двајца непознати сторители на мотор го убиле полковникот Сајад Ходаи испукувајќи пет куршуми додека седел во автомобил пред неговата куќа.
Иран ги обвини „елементите поврзани со глобалната ароганција“, термин што го користат за Соединетите Држави и сојузниците на САД, вклучително и Израел.
„Исистирам на сериозна потера по убијците од страна на безбедносните службеници и не се сомневам дека крвта на овој великомаченик ќе биде одмаздена“, рече Раиси.
Убиството на Кодаи дојде во време кога преговорите меѓу Иран и светските сили за обнова нa нуклеарниот договор од 2015 година се заглавени.
Иран ќе продолжи со активностите за нуклеарен развој
Една од спорните точки е барањето на Техеран, револуционерната гарда да биде отстранета од американската терористичка листа - барање што Вашингтон го одби.
Договорот од 2015 година ги укина санкциите кон Иран во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма за да го спречи Техеран да развие атомска бомба, тврдења кои што тие ги негираат.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од договорот во 2018 година и повторно воведе остри економски санкции кон Техеран, што доведе Иран да почне да се повлекува од своите обврски.