Во затворот во Идризово регистриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот Ковид – 19. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него. Како што информира директорот на затворот Боби Мојсовски за МИА, затвореникот кој бил од Велес, бил на викенд од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за Ковид кој бил позитивен.
Нови 173 заразени со коронавирус, починаа 15 луѓе
Инаку, во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања на територијата на Македонија, регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19, а починаа 15 лица.