Министерството за здравство на Србија денеска соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 359 нови заболени со коронавирус, а шест лица починале, со што вкупниот број на починати во таа земја изнесува 287 луѓе. На респиратори се 21 пациент. Од почетокот на епидемијата досега во Србија се потврдени 15 195 заболени, бројот на активни случаи е 1996, а вкупно тестирани се 418 879 лица.
Во Бугарија се регистрирани 165 нови случаи од направени 2986 тестови, а починале две лица со што вкупната бројка на заболени се искачи на 5154, а на починати 232. Во Хрватска во изминатите 24 час од 981 тестирани регистрирани се 81 нов случај на заразата, а двајца починале. Со ова досега во земјата се заболени вкупно 2912 лица, а 110 починале. Во Босна и Херцеговина во последното деноноќие направени се 1447 тестови, од кои 122 се позитивни на коронавирус.
Од вкупно 1.198 тестови на коронавирус направени вчера во Словенија, 21 се позитивени, што е најголем број на нови инфекции за еден ден од 16 април, кога биле регистрирани 36 случаи, објави новинската агенција СТА. Девет пациенти се лекуваат во болница, но ниту еден од нив не е на интензивна нега. Нема нови смртни случаи и нивниот број останува 111. Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во таа земја изнесува 1633 лица.
Нови 173 заразени со коронавирус, починаа 15 луѓе
Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања на територијата на Македонија, регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19, а починаа 15 лица.