Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека неговата влада размислува да понуди засолниште на граѓаните на Хонг Конг, кои се плашат од спроведувањето на неодамна усвоениот кинески закон за национална безбедност во таа полуавтономна покраина.
Џонсон: Со усвојувањето на законот се нарушува автономијата на Хонг Конг
Морисон изјави дека се разгледува можноста за истата опција што ја предложи британскиот премиер Борис Џонсон. Британија ќе ги прошири имигрантските права, со што ќе се олесни стекнувањето британско државјанство за жителите на Хонг Конг кои имаат посебен пасош, на кое имаат право скоро три милиони жители од таа поранешна британска колонија.