Европската комисија го заклучи текстот на преговарачката рамка и го предаде на Советот на ЕУ. Ова е само нацрт верзија и моето очекување е до октомври да биде прифатен финалниот текст, изјави на денешната прес-конференција вицепремиерот Бујар Османи.
И ЕК соопшти дека преговарачката рамка на Северна Македонија синоќа била дистрибуирана до земјите членки на Европската Унија.
Што може да се очекува од преговарачката рамка со ЕУ?
Се работи за нацрт верзија, посочи Османи, што е основа врз која земјите членки ќе ги изнесат своите национални ставови и потоа рамката ќе се носи со консензус. Според вицепремиерот, потоа се очекува да биде закажана и заедничка меѓувладина седница, истакна Османи.
Османи, појасни дека со новите механизми на преговарачкиот процес, брзината и напредокот ќе зависи од самите нас, но и дека ЕК ќе има механизама да го препознае и намали пристапот до ЕУ фондовите доколку има застој.