По Фросина Ременски, изземање на обвинителката Вилма Русковска од случајот 2Меѓународен сојуз“, денеска побара и првообвинетиот Бојан Јовановски - Боки 13. И Јовановски, како и Ременски, ја обвини Русковска за селективно и тенденциозно постапување.
Поради барањата на обвинетите, судијката Софче Гаврилова-Ефремова го одложи денешното прво рочиште.
За Русковска, пак, барањето за нејзино изземање не е основано, и дека одлуката за тоа ќе ја каже Јавното обвинителство.
„Никогаш не сум се однесувала пристрасно, во ниту еден предмет, а сум сработила можеби повеќе од 1000″, изјави Русковска.
Ременски бара изземање на Русковска од случајот „Меѓународен сојуз“
На 21 јули, таа, доколку не биде изземена од страна на републичкиот обвинител Љубомир Јовески, треба да ги даде воведните зборови, а во текот на судската постапка рече дека очекува да ја докаже вината на обвинетите.
Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски - Боки 13, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, потоа Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Ременски. Според Обвинителството, тие се обвинети дека „ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на домови за стари лица, за што дале над еден милион евра“.