Последните нeколку денови се намалува бројот на приеми споредено со тоа што беше пред десеттина дена кога имаше огромен број пациенти кои доаѓаа во болница и тогаш немаше пациенти кои се испишуваа. Вчера после долго време првпат бројот на испишани пациенти на Клиниката за инфективни болести е поголем од приемите, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставници на здруженија за ретки болести во Градскиот парк.
Министерот посочи дека ги подготвуваат болничките капацитети како во однос на патеки за соодветен третман ако даваат и друга здравствена услуга, и потенцира дека прават проекција и за нови капацитети не само за сега, туку и за есенските месеци, кога е можен уште поголем притисок, тогаш и со друга патологија од сезонскиот грип.