Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Дневната температура ќе биде од 19 до 29 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 26 степени.