Словенците од полноќ можат слободно и без никакви контроли да патуваат во Австрија. За влез во соседна земја повеќе нема да биде потребно граѓаните на Словенија да прикажат негативен тест за Ковид-19.
Дали е безбедно да патувате летово?
Реципрочно и Љубљана реши Австрија да ја стави на списокот земји со поволна епидемиолошка слика, а нејзините граѓани ќе можат без никакви проблеми или услови да влегуваат во Словенија. Покрај Австрија, на списокот држави чии граѓани ќе можат да влегуваат во Словенија од денеска се и Хрватска и Унгарија.