Облачная погода и до 11 градусов тепла ожидаются в городе 27 марта

Культурные площадки Москвы ответили на вопрос о массовой сдаче билетов

Интерпол отказался от комментариев на тему помощи РФ по теракту в «Крокусе»

Стали известны амбассадоры сообщества «Волонтеры Москвы»



World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer


Январь
2023

Новости за 23.01.2023

SlobodnaEvropa.mk 

Агелер-Од критична важност е да се смират страстите меѓу Скопје и Софија

Американската амбасадорка во Скопје Анџела Прајс Агелер вели дека од круцијално значење е да се смират страстите меѓу Скопје и Софија и лидерите од двете страни да можат смирено и рационално да дискитураат. Таа во интервју за Телевизија Телма истакна дека актуелната атмосфера не треба да влијае врз македонскиот напредок кон ЕУ. „Луѓето во државата секој ден можат да ги видат тие конфликти, и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трајанов- ДУИ нека се откаже од две министерски позиции ако сака нов партнер во Владата

По средбата на дел од коалиционите партнери на СДСМ во штабот на владејачката партија се огласи само пратеникот и лидер на Демократски сојуз Павле Трајанов. Тој изјави дека на правата средба која ја водел генералниот секретар на СДСМ Миле Зечивеќ, се разговарало за проширувањето на владината коалиција. Тој додава дека реконструкција на Влада ќе поддржат доколку се почитува амандман 6 од Уставот. Трајанов потенцира дека ќе подржи реконструкција само ако има соодветна и правична застапеност на сите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Чествувањето на Делчев настан од висок ризик кој службите нема немо да го набљудуваат

Случувањата со Бугарија биле во фокусот на денешната седница на Советот за безбедност во претседателската вила Водно. Претседателот Стево Пендаровски изјави дека чествувањето на Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари е настан од висок безбедносен ризик. Тој ќе предложи да се воведе забрана за влез во државата на бугарски државјани поради дејствијата кои ги преземаат против Македонија.

SlobodnaEvropa.mk 

Во ЕУ нема барање за прекин на пристапните преговори со Црна Гора

„Не сме запознаени со тоа дека постои барање за прекин на пристапните преговори со Црна Гора“, велат за Радио Слободна Европа (РСЕ) од шведското претседателство со Европската унија (ЕУ). Во писмениот одговор се нагласува надежта дека отворените внатрешно-политички прашања ќе се решат во блиска иднина и дека ќе може да продолжи патот кон реформи. „ЕУ и Шведска внимателно го следат развојот на настаните во Црна Гора и се подготвени да продолжат да ја поддржуваат земјата“, се наведува во писмената реакција. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мајкрософт најави милијарди долари инвестиција во алатка за вештачка интелигенција

Мајкрософт соопшти дека ќе направи „повеќегодишна инвестиција од повеќе милијарди долари“ во својата нова програма за вештачка интелигенција, ChatGPT. Во нивното соопштение го опишаа новиот договор како трета фаза од растечкото партнерство со OpenAI, но не го открија точниот износ на инвестицијата. ChatGPT беше објавен и пуштен за употреба на 30 ноември 2022 година, но е дел од поширокиот сет на технологии развиени од компанијата Open AI со седиште во Сан Франциско, која има блиски односи со Мајкрософт. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите од ЕУ воведоа нови санкции против Иран

Министрите на Европската унија се согласија за нов пакет санкции против Иран, соопшти шведското претседателство со ЕУ на 23 јануари. Во соопштението е наведено дека министрите одобриле  нов пакет санкции против Иран, насочени кон оние кои поттикнуваат репресија. „ЕУ силно ја осудува бруталната и непропорционална употреба на сила од страна на иранските власти против мирните демонстранти“, објави шведското претседателство без да даде повеќе детали за санкциите.  Според извори на новинската агенција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Убиена 83-годишна жена во Струмица

Убиена е 83 годишна жена во Струмица, покажуваат првичните резултати од обдукцијата на пронајденото тело на 20 јануари. Обвинителството во своето соопштение посочуваат дека обдукцијата покажала насилна смрт.  „Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и две скршени ребра,“ се вели во соопштението на Обвинителството.  Во него е наведено дека отворена е истрага... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ковачевски вечерва на средба со дел од коалициските партнери

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во 20 часот ќе се сретне со лидерите на коалициските партнери во Клубот на пратеници, јавува новинската агенција МИА. Ковачевски денеска во изјава за новинарите рече дека веќе разговарал и оти и денеска ќе разговара со добар дел од коалициските партнери, во однос, како што вели, за функционирањето на темите што се значајни за работењето на Владата, а од интерес за граѓаните. „Имам разговарано и со партијата Алтернатива, односно со нејзиниот претседател... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вооружен инцидент на северот на Косово

Вооружен инцидент во северот на Косово настанал денеска, соопшти косовската полиција. Полицијата пукала кон возило кое не застанало на повикот за стоп и удрило во полициски автомобил. Настанот се случил во градот Бистрица на територија на општината Лепосавиќ, една од четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово. Од друга страна, директорот на Канцеларијата за Косово на Владата на Србија, Петар Петковиќ, тврди дека во тој инцидент ранет е маж од српска националност. Косовската... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вучиќ на затворена седница ги брифираше министрите за Косово

На затворена седница на српската влада присуствуваше српскиот претседател Александар Вучиќ. Според соопштението од српската влада, Вучиќ ги седницата ги информирал министрите за ставот на официјален Белград за прашањето за Косово, како што се наведува, со „предизвиците и тешкотиите со кои се соочува Србија“. Договорено е и претседателот, владата и сите извршни органи да работат „синхронизирано и унифицирано“. Седницата траеше час и половина, а по нејзиното завршување немаше изјави за новинарите. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мијалков и Тачи осудени по втор пат за Титаник 2 на две години затвор

Со помали казни од претходна пресуда заврши денеска повторениот судски процес за предметот Титаник 2. Обвинетиот поранешен директор на Управата за контраразунавање и безбедност Сашо Мијалков денеска беше прогласен виновен по втор пат за ист предмет, со казната затвор од 2 години. Иста казна добија и неговите соучесници лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи како и тогашните членови на Државната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими од ДПА и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО – ДПМНЕ. Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

Македонско-бугарските односи во нова тензична фаза

Инцидентите и провокациите меѓу двете земји се намерно предизвикани од оние кои не сакаат да станеме членка на ЕУ, смета премиерот Ковачевски. Во Бугарија повик до Бугарите да го чествуваат Гоце Делчев во Скопје на 4 февруари. Последен пат ќе влезе во државата секој кој ќе ги нарече Македонците Бугари или ќе каже дека Северна Македонија е бугарска, категоричен е министерот Османи.

SlobodnaEvropa.mk 

Заседава Националниот совет за безбедност на Албанија

Албанскиот претседател Бајрам Бегај за денеска попладне го свика Националниот совет за безбедност. Тема на средбата ќе биде целосна анализа на безбедносната состојба во земјата, јавуваат албанските медиуми. Се очекува на состанокот да присуствуваат постојани членови и раководители на институции значајни за националната безбедност. Ова е втора седница на Националниот совет за безбедност, по преземањето на функцијата шеф на државата од страна на Бегај, на 24 јули минатата година. Средба на Советот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за безбедност по една година ќе расправа за безбедносната состојба

Советот за безбедност попладнево ќе ја одржи првата седница во оваа година. Северна Македонија периодов се соочува со нарушени односи со Бугарија и со подготовки за процедурата во Собранието за донесување на уставни измени. На состанокот може да стане збор и за тензиите на северот на Косово.

SlobodnaEvropa.mk 

СЗО: 5 милијарди луѓе сè уште се изложени на токсични масти

Елиминирањето на токсичните, индустриски произведени масти сè уште е далеку од ефективно и 5 милијарди луѓе остануваат незаштитени од овој производ, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Здравствената агенција на ОН соопшти дека овие мастите, кои се користат во пакувана храна, печива и масла за јадење се одговорни за околу 500.000 предвремени смртни случаи од коронарна срцева болест секоја година. Растеме генерации зависни од засладени пијалоци и брза храна Иако 43 земји со... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Увезовме струја за 40 милиони, ќе наплатиме штета од 200 илјади евра

Ако еден блок во РЕК Битола работи 24 часа со полн капацитет, може да произведе над 5000 мегаватчаса струја. Во ноември и декември, Македонија увезуваше меѓу 1000 и 4600 мегавачаса струја дневно. По пристигнувањето на трансформаторот за Блок 3, кој доцнеше два месеци, земјава извезува струја.

SlobodnaEvropa.mk 

„Синдром на среќна девојка“- теорија што функционира или себезалажување?

Трендот на социјалните мрежи наречен „синдром на среќна девојка“ го следат и Македонките. А има и такви кои и без популарниот хаштаг бираат позитивна страна. Експертите се согласуваат дека позитивната психологија има свoи позитивни страни, но ги посочуваат и негативните.

SlobodnaEvropa.mk 

Дачиќ: Итното формирање на ЗСО е предуслов за разговори за решение меѓу Белград и Приштина

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) е суштината на Бриселскиот договор и дека Србија ќе инсистира на нејзино итно формирање, како предуслов за разговори за политички план или предлог за решение меѓу Белград и Приштина. Српската влада ќе расправа за Косово, ќе присуствува и Вучиќ Тој рече дека денеска се разговара што би се случило доколку Србија не се согласи со предложениот предлог и дека претседателот на Србија Александар Вучиќ има поддршка од државниот врв... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Османи: Бугарските клубови во Македонија треба да ги сменат своите имиња

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за БТВ изјави дека бугарските клубови во Македонија треба да се прилагодат со законот, односно да ги сменат своите имиња, ако сакаат да продолжат да постојат. Тој најави дека ќе ги повика претставниците на овие клубови на разговор во врска со таа тема. Состанокот, според Османи, има цел да се направи план како да ѝ се овозможи на бугарската заедница да ја декларира својата припадност, нејзиниот идентитет и културна припадност и да се интегрира во општеството. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Црна Гора од лидер на интеграциите до можно блокирање на преговарачкиот процес

ЕУ најави дека на седниците на Советот на министри и на Европскиот совет ќе се разговара за политичката и уставната криза во Црна Гора. Тоа според професорката Гордана Ѓуровиќ, значи дека ЕУ ја разбира сериозноста на ситуацијата во таа земја.

SlobodnaEvropa.mk 

Се самоубил напаѓачот кој уби десет луѓе во близина на Лос Анџелес

Лицето коe уби десет луѓе во саботата за време на прославата на кинеската Лунарна Нова Година во сала за танцување во градот Монтереј Парк, извршило самоубиство, објавија американските власти. Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, синоќа изјави дека осомничениот е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран и дека се верува дека немало други напаѓачи. Мотивот за нападот се уште не е познат. Десет лица, пет жени и пет мажи, загинаа, а уште 10 лица беа ранети во пукањето во студиото за танцување Star Ballroom во паркот Монтереј. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пресуда за Титаник 2

Кривичниот суд – Скопје денеска треба да ја објави првостепената пресудата за случајот „Титаник 2″, предмет што се однесува на изборни нерегуларности за кои се обвинети поранешниот директор на УЈБ, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и поранешни членови на Државната изборна комисија. Кривичниот суд во 2019 година го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кишида: „Сега или никогаш“ за запирање на намалувањето на населението во Јапонија

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска вети дека ќе преземе итни чекори за справување со намалената стапка на наталитет во земјата, велејќи дека станува збор за „сега или никогаш“ за најстарото општество во светот. „Нашата нација е на работ на тоа дали може да ги задржи своите општествени функции“, рече Кишида во говорот на отворањето на годинашната парламентарна седница. „Тоа е сега или никогаш кога станува збор за политиките во врска со раѓањата и воспитувањето на децата - тоа е прашање што едноставно не може да чека повеќе“, додаде тој. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ердоган најави претседателски и парламентарни избори во Турција за 14 мај

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека претседателските и парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 14 мај. „Нашите очекувања од вас, нашите млади луѓе, кои првпат ќе гласаат на претстојните избори, се да го видите светот и нашата земја на најдобар и најкоректен начин, со можностите што ви стојат на располагање“, рече Ердоган. додавајќи дека ова не се вонредни избори. Претседателските и парламентарните избори во Турција претходно беа закажани за 18 јуни. Доколку ниту еден претседателски... Читать дальше...


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Ru24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Ru24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Ru24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Обратная связь

Судья чемпионата по танцам подала иск из-за травли после теракта в «Крокусе»

Избившего контролера-ревизора мужчину осудили на 3,5 года

Прокатный транспорт вернулся в Москву

Музыкальные новости

Чемпионат по зимнему плаванию пройдет в Пскове

Актера Свиридова госпитализировали из-за инфицирования после операции в Москве

Самые популярные туристические маршруты России: на автомобиле

Финал всероссийского студенческого трека Олимпиады Кружкового движения НТО «Летающая робототехника» 2024

Новости России

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о доставке лекарств Почтой России

Посетитель концерта в Crocus City Hall Фидря спасся благодаря открытой парковке

Осмотр УК паркингов домов в Новой Москве приняли за подготовку к теракту

Аминчон Исломов первым из обвиняемых по делу о теракте в «Крокусе» обжаловал арест

Экология в России и мире

ООО «РСХБ-Страхование жизни» приняло участие в конференции InsurSelling-2024

Врач дерматолог-косметолог Мадина Байрамукова: когда от чистки лица лучше отказаться

Banyan Tree Vabbinfaru пленил сердца путешественников

Не выбрасывайте миндальный жмых: доктор Кутушов рассказал как его применять

Спорт в России и мире

Рыбакина, наряду со Свёнтек, имеет 70% побед на WTA-1000 против соперниц из топ-10

Рыбакина о том, что не играла в Индиан-Уэллс из-за болезни: «К сожалению, восстановление заняло много времени»

Хачанов: хочу вернуться в топ-10 ATP

Хачанов победил Черундоло и пробился в 1/8 финала турнира ATP в Майами

Moscow.media

В Петербурге перекрыли канал нелегальной миграции

Строительство Северо-Сибирской магистрали оценили в 8 трлн рублей

Что за криповые видео с Пи Дидди и Бибером. Кадры всплыли после обвинений рэпера в торговле людьми

Строительство станции метро "Потапово"











Топ новостей на этот час

Rss.plus






Филиал № 4 ОСФР по Москве и Московской области информирует: Жители новых субъектов могут подтвердить стаж для пенсии с помощью свидетелей

Собянин рассказал о строительстве станции "Корниловская" Троицкой линии метро

В Брянске арестован студент из Таджикистана за пропаганду терроризма

Единый день диспансеризации пройдет в Реутове