Добавить новость

Полина Кудерметова вышла во второй круг турнира WTA в Брисбене

Белоусов созвонился с детьми бойцов СВО в рамках акции «Ёлка желаний»

Кафанов высказался о вратаре Волке

Стала известна судьба похищенных карликом кенгурят

World News


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Муницијата „Made in Kosovo“ сè уште е далечна амбиција

Деновиве имаше многу полемики околу договорот меѓу Косово и Турција за изградба на првата фабрика за муниција на Косово. Иако многу работи за тоа се чуваат во тајност, овој напис дава одговори на барем неколку прашања: кога фабриката може да започне со работа и кои чекори треба да се преземат за да има корист од тоа?


Во време на регионална несигурност и глобални тензии, Косово си постави цел: производство на муниција.


За министерот за одбрана Ејуп Маќедонци ова ќе биде многу важен чекор кон зајакнување на воените капацитети на земјата.


Според него, најавената фабрика за муниција на Косово ќе му донесе не само одбранбени капацитети, туку и можности за извоз.


Експертите за безбедност, од друга страна, се порезервирани - едни велат дека ќе бидат потребни години за да се исполни оваа амбиција, додека други се за зголемување на регионалната соработка.


Која е целта на Косово?


Со договорот потпишан на 16 декември со турската компанија за оружје МКЕ, Косово има за цел да изгради фабрика за муниција од различен калибар - и тоа ќе биде прва таква фабрика во земјата.


Маќедонци не соопшти детали каде и кога се очекува да започне производството, велејќи дека таквите информации се доверливи, но изразуваат уверување дека на тој начин Косово повеќе нема да зависи од другите за муниција.


„Ние всушност не можеме да бидмее 100 отсто независни, но можеме да ја намалиме нашата зависност од другите земји со производство на муниција или оружје, кои се поскапи и тешко се обезбедуваат“, рече тој за РСЕ.


Маќедонци наведува дека првично ќе се произведува муниција од 5,56 мм и 7,62 мм, кои ги користат Косовските безбедносни сили и косовската полиција.




Тој вели дека фабриката ќе ја води државата, но дека исто така „е важно да имаме и приватни инвеститори и да го зголемиме производството“.


„На овој начин ќе обезбедиме стабилно снабдување за внатрешните потреби, но ќе можеме да извезуваме и во земјите партнери во зависност од нивните барања“, вели министерот за одбрана.


Некои претставници на опозицијата изразуваат сомнеж дека овој проект ќе се реализира. За Рашит Ќалајн, член на Комисијата за безбедност и одбрана во Собранието на Косово, спорно е само потпишувањето на договор со турска компанија.


„Мислам дека за сè што има врска со оружје и муниција, треба да бидеме водени од нашиот стратешки партнер: САД“, вели Ќалајн.


Сепак, Маќедонци уверува дека во сите овие чекори Косово ја има поддршката на НАТО во која сака да се приклучи - вклучувајќи ги и Соединетите Држави.




Косово со 1,5 милиони жители има свои безбедносни сили кои се во процес на формирање редовна армија и се очекува да има над 7500 активни припадници и резервисти, како и полициски сили од околу 9000 припадници. Во земјава е присутна и мировната мисија на НАТО-КФОР.


Дали Косово може да стане самоодржливо за муниција?


Поранешниот функционер на НАТО Џејми Шеј вели дека исполнувањето на оваа амбиција зависи од најмалку три фактори - кои не можат да се постигнат на краток рок.


За почеток, тој вели дека Турција треба да се согласи да ја пренесе својата технологија и лиценци на Косово, за да може да ги развие своите одбранбени способности.


Потоа мора да се обезбеди независен синџир на снабдување, што може да потрае со години.


„Тоа е затоа што муницијата бара експлозивни хемикалии, специјални метали и суровини, кои често доаѓаат од Кина и други земји“, изјави Шеј за РСЕ.


„Работите може да станат уште покомплицирани ако муницијата што се произведува вклучува гранати и ракети кои зависат од микропроцесори и други софистицирани електронски уреди“, додава тој.




Како трет важен фактор што Косово треба да го земе предвид, Шеј ги наведува предностите. Тој вели дека Косово дефинитивно ќе мора да извезува муниција, за да го инвестира тој капитал во поддршка на својата одбранбена индустрија. Потенцијален извозен пазар, според Шај, би можела да биде самата Турција, особено ако фабриката во Косово работи како нејзина структура во странска земја.


„И кога ќе почнете да произведувате големи количества муниција, нивното безбедно складирање станува уште еден голем проблем, но и потенцијална слабост. Се сеќавате ли на големата експлозија на складиштето за муниција во Тирана, пред неколку години? Тој настан доведе до политичка криза во таа земја“, потсетува Шеј.


Важноста на регионалната соработка


Поранешниот министер за одбрана на Албанија, Фатмир Медиу, вели дека е тешко да се постигне самоодржливост во одбраната, делумно поради високите стандарди што се бараат, а делумно поради цената на оваа индустрија.


Тој предлага Косово да се зголеми соработката со членките на НАТО во балканскиот регион - вклучувајќи ги Албанија, Црна Гора и Северна Македонија - и на тој начин да го зголеми своето оперативно ниво. Оваа стратегија, вели тој, се нарекува „паметна одбрана“ и создава поголема безбедност преку поголема соработка.


Меѓу земјите што го користат Медиу ги споменува балтичките држави: Литванија, Летонија и Естонија.


„Не се работи само за производство и купување. Најважно е одржувањето, кое има значителни трошоци. Затоа, регионалната соработка би била многукратно повредна отколку да се размислува за изградба на нешто самоодржливо“, рече Медиу за РСЕ.


Сега како член на Парламентарното собрание на НАТО, тој вели дека ваквиот пристап кон Косово би бил исплатлив, со оглед на неговите аспирации за влез во НАТО и високото ниво на соработка што и е потребно на оваа алијанса.


„Во овој план мислам дека има многу простор за движење со заеднички набавки и „паметна одбрана““, вели Медиу.




Кои земји од Западен Балкан произведуваат оружје?


Во последниот извештај на Институтот за контрола на малото и лесно оружје на Југоисточна и Источна Европа (SEESAC), 2021 година, се посочува дека Србија е главен извозник на оружје и муниција во регионот, бидејќи има 65,79 проценти од вкупниот извоз.


По неа е Босна и Херцеговина, која учествува со 31,75 отсто од вкупниот извоз на регионот.


Според податоците на самите балкански земји, Албанија извезува муниција, Босна и Херцеговина и Црна Гора извезуваат пиштоли од 12,7 мм и автоматско оружје, муниција, бомби и ракети.


Северна Македонија главно извезува муниција и бомби, додека Србија извезува поширок опсег на муниција и оружје, вклучувајќи: бомби, гранати, мини, ракети итн.


Инвестиции во одбраната


Буџетот за Министерството за одбрана на Косово во 2025 година ќе изнесува 207,8 милиони евра или за 54 милиони евра повеќе од годинава.


Маќедонци вели дека Косово во изминатите три години потрошило повеќе од 239 милиони евра за набавка на оружје, а „ако се вклучат и овогодинешните набавки, сумата надминува 269 милиони евра“.


Поради чувствителноста на информациите, не е наведено од каде е купена. Но, она што е познато е дека Косово во последните години доби оружје од две сили на НАТО: САД и Турција.


Во март 2022 година е формиран Фондот за безбедност, каде што граѓаните и разни донатори можат да придонесуваат за одбраната, но неговата вредност не е позната и не се објавува јавно.

Читайте на 123ru.net


Новости 24/7 DirectAdvert - доход для вашего сайта



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России



Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city

Борьба с фиктивными браками, отцовством и материнством мигрантов Получить разрешение на временное проживание в РФ вне квоты или вид на жительство будет возможно не ранее трех лет со вступления в брак с постоянно проживающим в стране гражданином России. Ра

Самые высокие зарплаты в России в 2024 году: стройка на первом месте

В Москве пройдет Форум профессионалов креативных индустрий ArtMasters

Северное сияние смогут увидеть россияне 31 декабря

Музыкальные новости

Рита слышит с помощью слуховых имплантов, которым необходимы аквакейсы

Перенос рейса: 200 пассажиров застряли в аэропорту Внуково на 12 часов

МТС подключила люки на Сахалине к системам «умного» города, чтобы их не воровали

В Подмосковье сотрудники Росгвардии задержали подозреваемого в краже дорогостоящих товаров из гипермаркета

Новости России

Северное сияние смогут увидеть россияне 31 декабря

Путин наградил коллектив МГУ орденом «За доблестный труд»

Кого Путин поздравил в Европе с Новым годом?

Самые высокие зарплаты в России в 2024 году: стройка на первом месте

Экология в России и мире

CNN: украденные из дома Киану Ривза в Лос-Анджелесе часы Rolex нашли в Чили

Предприятия филиала «Северный» ООО «ЛокоТех-Сервис» подвели предварительные итоги работы в 2024 году.

Рождественское путешествие

Не допустите этого 1 января: токсиколог Кутушов предупредил о трех видах алкогольной беды

Спорт в России и мире

Арина Соболенко изменила отношение к Иге Швёнтек

Кудерметова проиграла Стирнс на старте турнира WTA в Брисбене

Елена Рыбакина трогательно обратилась к отцу после победы. Видео

Тренер Медведева назвал Синнера и Алькараса самым большим вызовом для российского теннисиста

Moscow.media

Америка назвала своего главного врага! Кого сегодня боятся штаты?

Портативный ТСД корпоративного класса Saotron RT-T70

Выгодные Новогодние праздники с BelkaCar

Городской пейзаж (+архитектура) в ЧБ











Топ новостей на этот час

Rss.plus






В Музее Победы прошло свыше 950 мероприятий за год

В Москве капитально отремонтировали свыше 700 крыш жилых домов

Кафанов высказался о вратаре Волке

Борьба с фиктивными браками, отцовством и материнством мигрантов Получить разрешение на временное проживание в РФ вне квоты или вид на жительство будет возможно не ранее трех лет со вступления в брак с постоянно проживающим в стране гражданином России. Ра